Милан нема да игра во ЛШ, но Алегри ќе води екипа во елитното натпреварување

Само неколку дена откако доби отказ во Милан поради драматичниот губиток на местото во Лига на шампиони, Масимилијано Алегри експресно се враќа на големата сцена.

Италијанскиот стратег ќе ја преземе клупата на Наполи, а веста ја потврди познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо со своето препознатливо „Here we go“.

Според информациите на Романо, работата е целосно завршена. Масимилијано Алегри постигнал договор со претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис и ќе потпише двегодишен договор, додека официјалната промоција се очекува во наредните денови.

Искусниот тренер на клупата на Наполи ќе го наследи Антонио Конте, кој го напушти клубот по несогласувањата со управата.

Додека Милан сè уште бара нов тренер по колапсот во финишот на сезоната и падот на петтото место зад сензационалниот Комо, Алегри не чекаше долго и обезбеди ангажман во тим кој следната сезона повторно ќе игра во Лига на шампиони и ќе атакува на самиот врв во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести