Милан нема да игра во најсилен состав: Ако верувате во Црвена ѕвезда, сега е шансата за добра добивка
Познати стартните 11 на дуелот во Белград.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, реши да стартува во комбиниран состав на дуелот во Белград против Црвена ѕвезда во првиот меч од 16-финалето од Лигата на Европа. Стратегот на Росонерите реши на клупата за резерви да ги остави Златан Ибрахимовиќ, Франк Кеси, Рафаело Леао, Хакан Чалханоглу и Симон Кјаер.
И покрај тоа што нема да игра во најсилен состав, Милан ќе биде во офанзивна формација 4-3-3, а во нападот најистурени ќе бидат Манџукиќ, Кастилјехо и Ребиќ. Капитенот Ромањоли ќе биде главен во дефанзивата, а на голот ќе биде Џиџи Донарума.
Црвена ѕвезда ќе биде во формација 3-4-2-1 и ќе биде навистина интересно да се види дали српскиот првак има сили да се спротистави на некогашниот европски првак.