Милан нема пораз во 2020 година, Интер е на потег

Интер – Милан (фудбал, Италија, 20.45 часот)

Големото градско миланско дерби секогаш е интересно, без разлика на кое место на табелата се овие два тима. Притисокот е врз Интер, кој ако победи, ќе избие на првото место, бидејќи има подобра гол-разлика од Јувентус. Но, Интер во последните пет кола, дури трипати играше нерешено и против Милан ќе игра без Лаутаро Мартинес. Росонерите се во добра низа, не знаат за пораз во 2020 година, но Милан четири години нема победа против Интер.

Предлог тип: 2-3 гола (2.00)

 

ПСЖ – Лион (фудбал, Франција, 21.00 часот)

Тука исходот зависи од расположението на домашните. Ова е дерби во Франција, но разликата помеѓу тимовите е дури 25 бода. Лион е само осми и може да настрада во Париз ако се разиграат Светците. ПСЖ од 1 ноември не знае за пораз, па тука ќе нема изненадување. Парижаните дома имаат серија од осум, сега би требало да станат и девет победи по ред против Лион во сите натпреварувања.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.57)

 

Баерн Минхен – Лајпциг (фудбал, Германија, 18.00 часот)

Лидерот го пречекува вториот на табелата и ова е меч после кој Баерн може малку полесно да дише и да создаде четири бода предност. Црвените бикови се опасен тим, долго беа први, но не го издржаа притисокот и врвот му го препуштија на баварскиот гигант. Сега треба да се види како Лајпциг ќе реагира како предизвикувач на првиот фаворит за титулата. Тука реално е да има голови на двете страни, двата тима имаат одлични напади. Лајпциг нема дадено гол на трите гостувања во Минхен, можеби е време за сефте.

Предлог тип: Т2 1+ второ (1.85)

 

Бетис – Барселона (фудбал, Шпанија, 21.00 часот)

Кике Сетјен треба да смисли тактика против својот поранешен клуб. Барса не игра добро на гостувањата, има проблем со реализацијата, и ова им е шанса да излезат од кризата. На последните четири меча на овие тимови, паднаа дури 24 гола, шест во просек. И Бетис и Барселона имаат повредени играчи. Каталонците во лигашки меч, не загубиле на „Бенито Вилјамарин“ уште од 2008 година и ова е мотив за Бетис.

Предлог тип: 2-4 гола (1.55)

 

АЕК – Панатинаикос (фудбал, 18.30 часот)

Градско дерби и има и во Атина, и ќе биде интересно, бидејќи двата тима се во форма. Панатинаикос нареди пет победи по ред, и фати приклуок со водечкото трио. АЕК има четири бода предност и ако победи, ќе ги оддалечи зелените детелинки од битка за место во квалификациите за ЛШ. АЕК нема пораз на свој терен сезонава и тоа му дава предност против ПАО кој не е многу опасен гостин. Од последните пет нивни дуели, трипати беше нерешено, сепак ќе му дадеме предност на АЕК.

Предлог тип: 1 (2.05)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Осасуна – Реал Мадрид 2 & 2-4 (2.50)

Интер – Милан Т1 2+ & ГГ (3.05)

ПСЖ – Лион 1 & ГГ (2.30)

- Оглас -

Најнови вести