Милан остана без столбот на одбраната и мора да биде активен во зимскиот преоден рок

Дефанзивецот на Милан, Фикајо Томори се повреди на вчерашниот натпревар на неговиот тим против Салернитана (2:2) кој се играше во рамки на 17-то коло од Серија А и ја натера управата на тимот да биде активна во зимскиот преоден рок.

Томори кој сезонава е вистински столб на одбраната на Милан, со одиграни 22 натпревари на кои постигна три гола, според првичните проценки на лекарскиот тим поради повредата на бутниот мускул, ќе мора да отсуствува најмалку два месеци.

Поради тоа, челниците на Милан ќе бидат активни во јануари и на нивната листа на желби се наоѓаат играчи како Норди Мукиеле од ПСЖ, Тило Келер од Вест хем и Клемен Ленгле од Барселона кој игра на позајмица во Астон вила.

- Оглас -

Најнови вести