Милан подготвува 62 милиони евра за дуо од Бриж

Новиот италијански првак Милан веќе ги започна плановите за нови фудбалери во следната сезона. Паоло Малдини и Фредерик Масара, кои се одговорни луѓе кај Росонерите, се фокусираа на доведување на двајца играчи од Бриж.

Офанзивците Ноа Ланг и Шарл де Кетелар се цел на Росонерите. Според проценките, Ланг вреди 22 милиони евра, додека цената за трансфер на Кетелар достигнува до 40 милиони евра.

Ланг сезоната ја заврши со седум погодоци и 12 асистенции, додека Кетелар, кој има само 21 година, сезонава во 49 меча постигна 18 погодоци.

Милан се подготвува за настап во Лигата на шампионите следната сезона и, секако, обид да го одбрани тронот во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести