Милан потврди дека се засили со квалитетен дефанзивец

Милан беше тимот кој беше убедливо најдобар во италијанската Серија А по враќањето на фудбалските возбудувања во време на пандемијата со Коронавирусот. Во 12-те мечеви од домашното првенство, Росонерите беа единствени во Серија А кои немаа пораз (девет победи и три нерешени) и освоија најмногу бодови од сите екипи.

На крајот, Милан заврши на шестото место и обезбеди пласман во Лигата на Европа. Некогашниот гигант од „Сан Сиро“ се надева дека во новата сезона ќе продолжи со истите добри резултати и конечно повторно ќе биде во трка за највисок пласман.

Најавите од претходните денови за доаѓањето на квалитетно засилвање во одбраната се потврдија. Росонерите синоќа го промовираа доаѓањето на Пјер Калулу.

Дефанзивецот кој досега играше за Олимпик Лион, го стави потписот на договор кој го обврзува да остане во Милан до 2025 година.

Калулу ги има поминато сите младински категории на Франција, а моментно е дел од У20 тимот на Галските петли.

- Оглас -

Најнови вести