Милан промаши два пенали, во судиското продолжение поради пенал остана без победа (Видео)

Фудбалерите на Милан одиграа 2:2 против Болоња на „Сан Сиро“ во меч на кој беа досудени три пенали.

Росонерите не реализираа два пенали, а токму од белата точка Болоња со гол во 92-та минута се спаси од пораз.

Болоња поведе со голот на Циркзе во 29-та минута, а во 42-та минута голманот на гостите, Лукаш Скорубски го одбрани ударот од белата точка на Оливие Жиру.
Сепак, пред крајот на првиот дел, Рубен Лофтус-Чик успеа да го израмни резултатот.

Во второто полувреме, Милан во 74-та минута доби нова шанса да поведе од пенал, но Тео Ернандес ја погоди стативата и одбиената топка ја смести во мрежата, но судијата го поништи тој гол.

Лофтус-Чик повторно стапи на сцена и во 83-та минута му донесе водство на Милан.

Но, во судиското продолжение кога изгледаше дека Росонерите ќе запишат три бода, Терачано направи прекршок во сопствениот шеснаесетник по што Орсолини беше сигурен реализатор и ја спаси Болоња од пораз.

Интересно е што Болоња на двете гостувања во Милано, против Интер и Милан, одигра идентични 2:2.

- Оглас -

Најнови вести