Милан Ристовски е рекордно засилување на Спартак Трнава

Милан Ристовски се врати во Спартак Трнава комплетирајќи го својот перманентен трансфер во словaчкиот прволигаш. Македонскиот репрезентативец е рекордно засилување на еден од најуспешните словачки клубови, за кого ѝ се исплатени 300.000 евра на Риека.

Ристовски потпиша тригодишен договор со Спартак откако вториот дел од минатата сезона ја мина на позајмица во овој клуб. Инаку е шесто засилување на клубот за ова лето, а од помладиот брат на Стефан Ристовски се очекува да продолжи со добрите партии откако во ланската сезона запиша учинок од пет погодоци и една асистенција во 13 настапи за Спартак.

„Многу ми е мило што преговорите минаа во најдобар ред и се вратив тука. Се чувствувам прекрасно во Спартак, овој клуб ми помогна во претходните шест месеци да ја пребродам тешката повреда, поради што успеав да се наметнам во репрезентацијата на Македонија и со неа да одам на ЕП. Максимално сум подготвен за новата сезона и со нетрпение чекам да почне“, истакна Ристовски за официјалната веб-страница на Спартак.

Производот на Работнички запиша само седум настапи за Риека, претходно одеше на позајмици во словенечкиот второлигаш Кршко и словачкиот Нитра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести