Милан се мачеше над два часа против Џенова за четвртфинале во Копа Италија (Видео)

Милан ќе игра во четвртфиналето на Италијанскиот куп по тешката победа против Џенова со 2:1 по над двочасовна битка на „Сан Сиро“.

Гостите за кои Горан Пандев играше од 87-мата минута до крајот на мечот со две продолженија поведоа со голот на Лео Остигард.

Младиот Норвежанец погоди со удар со глава во 17-тата минута, а на ист начин возврати Оливие Жиру во 74-тата минута.

Клучен беше голот на Рафаел Леао во 102-рата минута, што го скрши отпорот на гостите од Џенова, а Салемакерс со уште еден погодок во 112-тата минута ја запечати победа на фаворитот од 3:1 и му донесе четвртфинален меч на Милан против победникот од дуелот Лацио – Удинезе.

Голот на Леао, кој беше најубав на мечот, можете да го погледнете ОВДЕ.

 

- Оглас -

Најнови вести