Милан се надева дека го доби новиот Кака

Милан верува дека во брзо време повторно ќе се врати на старите победнички патеки и ќе биде еден од најдобрите екипи во Италија. За таа цел, „росонерите“ во зимскиот преоден рок го доведоа Лукас Пакета. За сума од 35 милиони евра, Бразилецот пристигна од редовите на Фламенго. Според договорот, треба да остане на „Сан Сиро“ во следните пет години.

Пакета ја знае историјата на Милан, но и фактот дека во последните 15-тина години, еден од најдобрите играчи, ако не и најдобар, беше Бразилецот Кака. Пакета вели дека би бил пресреќен ако успее да го достигне нивото на славниот сонародник.

„Како секогаш бил еден од моите идоли. Знам дека е легенда на Милан. Моја желба е да бидам како него. Можеби не е паметно да се споредувам со него, но навистина ќе направам се, за да бидам на неговото ниво и да бидам новиот Кака во Милан“, изјави Пакета.

Кака ги помина најдобрите години токму на „Сан Сиро“, а во 2007 година ја освои „Златната топка“, за најдобар фудбалер во светот.

- Оглас -

Најнови вести