30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Милан се распрашува за дефанзивец на Манчестер јунајтед

Италијанскиот великан Милан планира да ја засили дефанзивната линија со еден играч од Манчестер јунајтед.

Станува збор за Ерик Баи, кој во моментов е со својата репрезентација Брегот на Слоновата Коска и настапува на Африканскиот куп на нациите.

Според информациите, Милан е подготвен да му понуди на Манчестер позајмица на стоперот, а потоа и да добие право на откуп во вредност од 25 милиони евра. Преговорите се во почетна фаза, а според одредени информации, Баи не би имал ништо против да ја промени средината со оглед на тоа дека наводно не бил задоволен од минутажата во Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести