Милан се тресеше за трите бода во Болоња (видео)

Милан триумфираше со 2-1 на гостувањето кај Болоња за зацврстување на врвот на табелата во Калчото.

Росонерите довија два пенали во своја корист од кои првиот не го реализира Златан Ибрахимовиќ, меѓутоа одбиената топка ја стигна Ребиќ и ја погоди мрежата во 26-тата минута.

Десетина минути во второто полувреме Милан повторно доби шанса да се закани од белата точка, овојпат Кесие шутираше без грешка, па Болоња без тренерот Михајловиќ на клупата, кој беше исклучен на стартот од второто полувреме, успеа за момент да се врати во игра и да намали на 2-1 во 81-та минута.

Милан сега има 46 бода, пет повеќе од ривалот Интер кој вечерва ќе атакува на победа против Беневенто. Болоња засега останува на 13-тата позиција со 20 бода.

- Оглас -

Најнови вести