Милан со Пјатек е како друг тим, „росонерите“ водат на „Олимпико“ (Видео)

Во јануарскиот преоден рок Кжиштоф Пјатек го смени клубот, но не и навиките да дава голови. Полјакот кој во првиот дел од сезоната ги радуваше навивачите на Џенова, сега блеска во дресот на Милан.

На дербито кое се игра на „Олимпико“, Пјатек погдои во 26 минута за водство на Милан против Рома, на полувреме. По еден центаршут, Полјакот одлично реагираше во петерецот и го матираше голманот на „римската волчица“.

За Пјатек ова е трет погодок во дресот на Милан, откако пред неколку дена даде два погодоци во победата над Наполи во Купот на Италија.

https://youtu.be/9K7lmh4uLnw

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести