Милан во „напад“ на Рим, Ливерпул сонува за чудо во Бергамо, ќе гори во Истанбул

6023 Рома – Милан (21 ч.)

Рома славеше на првиот меч на „Сан Сиро“ и сега на свој терен доволно е да не загуби за да оди во полуфиналето од Лигата на Европа. Милан, кој пред поразот минатата недела немаше загубено од Рома на претходните девет меча (шест победи и три ремија), сега ќе мора да тргне офанзивно и едноставно Росонерите мора да погодат ако сакаат да се надеваат на успех.

На 11 од последните 13 пресметки на овие екипи се треселе мрежите на двете страни, што е најава дека треба да биде интересно.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.97)

 

6021 Аталанта – Ливерпул (21 ч.)

Најголемото изненадување го направи италијанскиот тим откако со убедливи 3:0 победи на „Енфилд роуд“. Едноставно би било чудо Ливерпул да направи пресврт, но факт е дека тимот на Јирген Клоп нема предвреме да се предаде и ќе се обиде да го направи неизвесен реваншот.

Ливерпул ќе сонува реприза на дуелот во Бергамо од 2020 година, кога во групната фаза од ЛШ, англискиот тим славеше на теренот на Аталанта со 5:0.

Предлог тип: 2+I&4+ (2.40)

 

6730 Фенербахче – Олимпијакос (21 ч.)

Спектакуларен беше првиот меч кога Олимпијакос водеше со 3:0, но турскиот тим постигна два гола и најави дека нема да се предаде. Ќе биде пеколна атмосферата на стадионот во Истанбул, а Фенербахче сезонава игра отворен фудбал со многу голови, па не е чудно што на 11 од последните 13 средби имале минимум три погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (1.94)

 

6045 Лил – Астон вила (18:45 ч.)

Англискиот тим со предност од 2:1 патува во Франција, но тоа не е никаква гаранција. Лил игра квалитетна сезона, знае да се надигрува и со најдобрите ривали и сигурно пред своите навивачи ќе се обиде да ја анулира негативата.

Двата тима играат офанзивно и не би требало да има многу калкулации, а навивачите ќе гледаат погодоци.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.14)

 

3172 Домжале – Копер (16 ч.)

Две екипи кои се на средината од табелата во првенството на Словенија. Домжале има само две ремија во 30 меча, што е можеби тим со најмалку „икса“ во елитните лиги во Европа.

На осум од последните 10 дуели на овие два тима немало повеќе од два гола, што е само најава дека не треба да се очекуваат многу погодоци. Копер игра подобро оваа сезона, па гостите би требало да останат непоразени.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.60)

- Оглас -

Најнови вести