Милан врза четири натпревари без пораз во дуелите со Јувентус (ВИДЕО)

Актуелниот шампион Милан со 2:0 го совлада Јувентус во дерби пресметката од деветтото коло во Серија А.

„Росонерите“ беа подобар тим на теренот иако контролата на топката му ја препуштија на противникот. Милан имаше повеќе шутеви кон голот (18-6) и повеќе корнери (8-0) и офанзивниот пристап во дербито му донесе два гола го кои славеше над големиот ривал.

https://twitter.com/i/status/1578789752048087042

Првиот гол го постигна Фикајо Томори во последната минута од првото полувреме, а конечниот резултат го постави Брахим Дијаз во 54 минута.

https://twitter.com/i/status/1578796921170591744

Со овој триумф, Милан врза четири натпревари без пораз во дуелите со Јувентус во Серија А, а со трите бода се искачи на делба на првото место на табелата заедно со Наполи и Аталанта кои своите натпревари ќе ги играат утре. Трите екипи имаат по 20 бода, додека Јувентус остана на 13 бода за осмо место на табелата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести