Милан заврши голема работа – Ребиќ ќе игра за гигантот до 2025 година

Анте Ребиќ ќе остане во Милан и ќе биде член на Росонерите до 2025 година, отако денеска и официјално потпиша договор со гигантот.

Хрватскиот напаѓач играше за Милан како позајмен играч од Ајнтрахт Франкфурт во размената на играчи со Андре Силва, а денеска потпиша перманетен договор со италијанскиот клуб.

Истото го стори и Ајнтрахт, па и Силва ќе продолжи да игра во Бундеслигата.

Ребиќ имаше извонредна сезона, а во ланскиот циклус на натпревари за Милан постогна 12 гола со 4 асистенции, по што беше јасно дека „црвено-црните“ од Милано ќе сторат се да го откупат неговиот договор со Ајнтрахт.

Анте има 26 години, а интересно е што повеќе беше на позајмици, отколку што играше за клубовите кои потпишуваа договор со него.

Почна во Сплит, за потоа да сџе пресели во Фиорентина, клуб што го позајмуваше во Лајпциг, во Верона и во Ајнтрахт. И во клубот од Франкфурт одигра три сезони, па му беше позајмен на Милан, клуб со кого денеска потпиша долгорочен договор што важи за следните пет години.

 

- Оглас -

Најнови вести