Кошаркарите на Милано ја одбранија титулата во италијанскиот шампионат откако во финалната серија славееа над Виртус Болоња со 4-3 во победи. Милано во одлучувачкиот седми натпревар славеше со 67:55 и втора година по ред во финалето е подобар од Виртус. Ова е јубилејна 30-та титула италијански шампион.
Милано фуриозно го започна натпреварот, ја доби првата четвртина со 21:9 и предноста не ја испушти до крајот на мечот. Интересно е што во третата четвртина беа постигнати само 15 поени, Милано даде десет, а Виртус пет и ги реши дилемите околу победникот и шампионот.
https://twitter.com/LegaBasketA/status/1672339524117037058?s=20
Луиџи Датоме со 16 поени беше најдобар кај шампионот, додека Торнике Шенгелија ја предводеше листата на стрелци кај Виртус со 13 поени.