Милано му се заблагодари на Скола: Дали е време за пензија?

Луис Скола повеќе не е член на Олимпија Милано, иако неодамна ја продолжи соработката со италијанскиот претставник во Евролигата. Аргентинскиот ветеран одлучи повеќе да не игра за Манекените, како и во најелитното европско натпреварување.

Пред малку повеќе од еден месец Скола наполни 40 години, а во следните неколку недели ќе одлучи дали ќе ја продолжи кариерата или пак ќе означи крај на блескавата и богата авантура.

„Донесов тешка одлука по доста размислување. Одлучив повеќе да не играм за Милано и ниту за еден друг клуб во Евролигата. Му благодарам на Милано за дадената прилика, навистина сите во клубот се потрудија да се чувствувам како да сум дома. Што се однесува за кариерата, уште не сум одлучил дали тука завршува мојата авантура или пак повторно ќе истрчам на кошаркарските паркети“, истакна Скола во соопштението на Милано.

Скола изминатава сезона ги бранеше боите на Олимпија Милано, по фантастичното издание лани на Мундобаскетот, каде што со Аргентина стигна го сребрениот медал.

https://twitter.com/OlimpiaMI1936/status/1271079865714958338

- Оглас -

Најнови вести