Милано обоен во сино-црно: Интер со неверојатен пресврт славеше против Милан (видео)

Интер на неверојатен начин го доби возбудливото дерби против Милан со конечни 4-2. Одамна не сме сведочеле на вакво возбудливо „Дела мадонина“ дерби, а вечерва лутите ривали потполно го оправдаа тој епитет.

Првите 45 минути заслужено им припаднаа на Росонерите, кои беа поконкретни, а во последните пет минути од полувремето темпото го диктираше Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот прво се најде во улога на асистент откако му намести погодок на Ребиќ во 40-тата минута, а само за пет минути подоцна и самиот ја затресе мрежата на својот поранешен клуб.

Сепак, предноста од 2-0 очигледно не беше доволна за избраниците на Стефано Пиоли бидејќи Интер успеа експресно да се врати во игра при самиот старт на второто полувреме. Во два брзи напади Брозовиќ и Весино израмнија на 2-2 до 53-тата минута, па понесени од атмосферата и огромната поддршка од трибините, фудбалерите на Конте стигнаа и до трет погодок за комплетен пресврт со погодокот на Де Вреј во 70-тата минута. Иако домаќините беа речиси сигурни дека ќе триумфираат, Лукаку ги разреши сите дилеми во самиот финиш за конечни 4-2.

Со големиот триумф, Интер сега е на делба на првата позиција на табелата заедно со Јувентус на 54 бода, додека Милан падна на 10-тата позиција со 32 бода.

https://twitter.com/DerbydiMilano/status/1226616439483793408

https://twitter.com/DerbydiMilano/status/1226622317289144322

- Оглас -

Најнови вести