Милано по подолго време пак има два тима во нокаут-фазата, историја испишаа и Португалците

Интер и Милан за првпат по сезоната 2011/2012 заедно ќе бидат учесници во ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите.

Во изминатата деценија, или Интер или Милан не успеваа да дојдат до оваа фаза, а еве сега повторно двата гиганти од Градот на Модата се меѓу 16-те најдобри во Европа.

Историски потфат направија Порто и Бенфика со тоа што го освоија првото место во своите групи. Ова е првпат во историјата на ЛШ два тима од иста земја, а кои не се од Топ 5 лигите, да ги освојат првите места во групната фаза.

Порто е прв тим кој стартувал со два порази, а потоа врзал четири победи по ред за да биде прв во групата, а Бенфика вечерва направи мало чудо со убедливиот триумф над Макаби, кој им донесе прво место пред ПСЖ поради повеќе постигнати голови на гостински терен.

- Оглас -

Најнови вести