Милано во транс – Пристигна Ибракадабра (Видео)

Златан Ибрахимовиќ пристигна во Милано и денеска и официјално ќе биде промовиран како нов фудбалер на Милан.

Навивачите на Милан се во транс, голем број од нив дојдоа да го поздрават Швеѓанецот, кој се враќа на Чизмата и повторно ќе биде дел од Серија А.

Популарниот Ибракадабра играше и за Милан, потоа и за Интер и Јувентус, трите најголеми клубови во Италија.

https://twitter.com/acmilan/status/1212703940497858560?s=20

Треба да потпише 18-месечен договор со Милан, чиј дрес го носеше од 2010 до 2012 година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести