Миленикот на Наполи се враќа во Европа и изненади со изборот на новиот клуб

Марек Хамшик, некогашниот капитен на Наполи, е слободен играч откако му заврши договорот со кинескиот клуб Далијан Јифанг, по што одлучи да се врати на Стариот континент.

Иако се шпекулираше дека ќе игра во родната Словачка, Хамшик одлучи кариерата да ја продолжи во шведското првенство во редовите на Гетеборг. Се очекува 33-годишниот играч за врска во понеделник да се појави во просториите на шведскиот прволигаш за да може да го комплетира ангажманот.

Хамшик инаку цели 12 години ги бранеше боите на екипата од Неапол, за која што запиша повеќе од 500 настапи и забележа 121 погодок освојувајќи три трофеи.

- Оглас -

Најнови вести