Милер со малку среќа го замолкна „Камп ноу“, Калчолигашите наjрасположени за голови (видео)

Томас Милер ја прави разликата во големото дерби меѓу Барселона и Баерн Минхен кое ќе го одбележи првиот ден од првото коло во Лигата на шампионите. Баерн беше поконкретен во првото полувреме и сосема заслужено го има резултатот во своја корист на „Камп ноу“.

Искусниот германски офанзивец со доза на среќа, односно лошата поставеност на Гарсија го смени правецот на топката за водство на Баварците во 34-тата минута. Милер имаше отворен простор за шут од далечина, па оневозможениот Тер Штеген само ја испрати топката во својот гол.

Јувентус во меѓувреме практично ја осигури победата на гостувањето кај Малме со убедливите 3-0 по првото полувреме. Сандро го скрши отпорот на Швеѓаните во 23-тата минута, а пред паузата, Дибала од пенал и Мората експресно ја наполнија мрежата на Дијавара.

https://streamable.com/pifwwc

Со по еден гол на двете страни, и на дуелот меѓу Вилјареал и Аталанта засега прилично разиграно. Божицата уште во шестата минута стигна до предност преку Фројлер, но Тригеирос го врати во игра актуелниот првак на Лигата на Европа за 1-1 во првото полувреме.

https://streamable.com/neerp2

- Оглас -

Најнови вести