Милевски: Горд сум на играчите, доминиравме 90 минути, штета што не дадовме гол

Македонија не успеа да остане во трка за првото место во групата од Лигата на нации, откако загуби на гости кај Грузија. Македонските репрезентативци промашија премногу шанси, а домќините тоа знаеја да го казнат и на крајот славеа со 2:0.

„Честитки на Грузија за првото место и пласман во баражот. Што се однесува до нас, можам само да бидам горд на момците како одиграа, но за жал повторно загубивме на наши грешки. Денеска низ сите 90 минути доминиравме, создадовме многу шанси, но не дадовме гол“, изјави Милевски на прес конференцијата веднаш по мечот.

„Повеќе причини има резултат на индивидувалните грешки. Физичката и психичката подготвеност на играчите. Мислам дека често ни се случува, иако грешките се составен дел од фудбалот. Сепак, на крајот не можам а да не бидат задоволен од играта. Овие млади момци што покажаа низ сите пет меча во Лигата на нации покажаа дека носат во себе квалитет и потенцијал. Потребно е да добијат безрезервна поддршка“, додаде Милевски.

 

- Оглас -

Најнови вести