Милевски: Ја добивме најтешката можна група, наше е да веруваме во себе!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, рече дека групата од квалификациите за ЕП 2024 е предизвик и дека е најтешката што можела да ни се падне. Како фаворити за пласман на ЕВРО, Милевски ги најавува Италија и Англија.

„Ја добивме најтешката можна група. Веројатно и сами да биравме, посилни противници немаше да можевме да избереме. Но, ние веќе се навикнавме на ваква среќа. Ги добивме финалистите од последното Европско првенство и апсолутни фаворити за првите две места во групата. Се разбира дека ќе ја бараме нашата шанса и ќе се обидеме да останеме конкурентни до самиот крај, а објективните околности ќе покажат дали може да се надеваме на висок пласман. Групата е пеколно тешка, а такви ќе бидат и натпреварите. Наше е да веруваме во себе” – изјави Милевски откако стана јасно дека ќе биде (не)возможна мисија да се пласираме на наредното ЕП.

- Оглас -

Најнови вести