Милевски: Ја посакував само победата, против Германија одиме со ист стил

Нашата фудбалска репрезентација дојде до првата победа под водство на Боби Милевски во квалификациите за СП во Катар. Нашите момци со 4:0 го победија Лихтенштајн и со големи мотиви ќе ја дочекаат во Германија во понеделник.

„Ја посакував само победата, а сакам да им честитам на играчите кои што прикажаа професионалност и ги почитуваа наредбите и ваквиот резултат дојде благодарение на тоа.

Против Германија ќе биде друг натпревар, но, ние стилот нема да го менуваме, бидејќи играчите одлично го прифатија системот.

Овој ќе биде различен меч од тој во март, бидејќи имаат нов селектор, играат убав фудбал и ќе бидат мотивирани во Скопје.

Ќе биде одлично доколку завршиме втори, но, сега сме во фаза на промена на генерација и главна цел ни се квалификациите за ЕП во 2024, но, доколку успееме да завршиме втори во групата, ние ќе ја искористиме секоја шанса за такво нешто“ изјави нашиот селектор.

Натпреварот Македонија – Германија се игра во понеделник со почеток од 20:45 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести