Милевски: Одигравме врвно против Шпанците

Селекторот на македонската младинска репрезентација, Благоја Милевски, по поразот од Шпанија од 0-1, беше задоволен од она што го видел на теренот.

„Горд сум на она што го видов. Мора да бидеме горди, покажавме дека имаме потенцијал и квалитет, тимот може многу да напредува и да биде конкурентен во европски рамки. Наша примарна работа е да селектираме и да создаваме репрезентативци кои во иднина ќе бидат дел од репрезентацијата А. Поголем дел од играчите покажаа дека и тоа како може да се смета на нив во иднина и тоа е најважно. Според она што го покажавме против Шпанците, против играчи кои играат во светски клубови, можам да кажам само секоја чест“, изјави Милевски.

- Оглас -

Најнови вести