Милевски повика на коректно навивање, а политиката нека ја водат политичарите

После Фудбалската федерација на Македонија, и селекторот Благоја Милевски ги повика љубителите на фудбалот утревечер да навиваат коректно за својата репрезентација.

Јасно е дека периодов нашиот источен сосед не е популарен кај нас од политички причини, па затоа и стравувањата дека може Македонија да биде казнета ако има инциденти или некоректно навивање кое не се толерира во УЕФА.

„Ние сме спортски работници, треба да ја оставиме политиката на политичарите. Ние само сакаме да победиме на терен. Само спортскиот аспект е тоа што нас не интересира. Секоја чест во Бугарија немаше никаков инцидент, и ги повикувам нашите навивачи коректно да навиваат и да бидеме добри домаќини. Верувам дека и на гостите единствен фокус им е победата на теренот“ – рече Милевски на прес-конференцијата која се одржа пред вечерашниот тренинг.

- Оглас -

Најнови вести