Милевски: Пристапот на играчите, желбата и енергијата ме прават задоволен

Селекторот Благоја Милевски е задоволен од контролниот меч против Фарски Острови и верува дека ова е одлична подготовка за следните дуели од квалификациите за Европското првенство 2024 година.

„Најважно од овој меч ми беше да го видам менталниот и психолошкиот момент за да бидам сигурен дека навистина одиме во таа насока во која јас сакам да одиме. Пристапот на играчите, желбата, енергијата на двата меча, посебно на овој денешниот иако е контролен, ме прави задоволен. Тоа во овој момент ми е најважно како одлична основа за тоа што следува во јунскиот прозорец“, вели Милевски, кој додаде дека на следните дуели очекува реализацијата да биде подобрена.

„Тоа што го видов на овие два меча, ме прави задоволен. Имаме потенцијал, создаваме шанса и сум повеќе од сигурен дека реализацијата ќе дојде. Без разлика дали е Малта, Фарски Острови или Украина, кој е наш следен ривал, најважно е пристапот да е ист за секој дуел“, анализира Милевски, кој додава дека на денешниот дуел против Фарски Острови не е многу задоволен од играта во првиот дел, но по направените корекции, ситуацијата се смени во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести