Милевски размислува за дополнителен повик, а ФФМ повикува да се купат билети за мечот со Бугарија

Македонската фудбалска сениорска репрезентација денеска во 17.30 часот ги започнува подготовките за двата последни натпревари од групата 3 во Лигата на нациите против Грузија (Тбилиси, 23 септември) и Бугарија (Скопје, 26 септември), а од ФФМ потврдија дека на овие две средби, селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на капитенот Стефан Ристовски и на Ваљон Етеми.

Поради повреда, ќе го нема ниту Дарко Чурлинов. Ристовски има повреда на тетивата, а кај Етеми проблем е бутниот мускул. Нашиот стручен штаб подоцна во текот на денот ќе соопшти за дополнителен повик во репрезентацијата.

Инаку, денеска започнува продажбата на билетите за последниот домашен натпревар на македонската репрезентација во овој циклус, дуелот против Бугарија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Бугариjа ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets.

Продажбата на билетите ќе се одвива исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (online) продажба на билети нема да има.

Цените на билетите се 250 и 350 денари. Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Покрај неговите податоци (задолжително презентирање на документ за идентификација), клиентот внесува и податоци за други навивачи за кои купува билети.

Од ФФМ ги повикуваа сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до победа на последниот натпревар од групата во Лигата на нациите.

- Оглас -

Најнови вести