Милевски: Веќе правиме нов лик на репрезентацијата за квалификациите за СП 2026 и за Лигата на нации

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски чиј договор со ФФМ истекува по утрешниот дуел со Англија, вели дека изминатите неколку месеци се обидува да направи нов лик на репрезентацијата за следниот квалификациски циклус како и за настапот во новото издание од Лигата на нации.

Според неофицијалните информации кои кружат во последно време, Милевски треба да добие нов договор и да  остане на селекторската функција.

„Од септември, ние како селекција, но и како Федерација имаме една цел, а тоа е да направиме нов лик на репрезентацијата за следниот циклус во Лигата на нации и за квалификациите за СП 2026. Овие мечеви против некои од најдобрите селекции се добра шанса да се создаде основа за тоа што следи во иднина. Што се однесува до утрешниот меч, да заврши последниот тренинг, па потоа ќе одлучам кој ќе биде стартер, кој ќе биде во составот“, вели Милевски.

 

- Оглас -

Најнови вести