Милик го напушти кампот на Полска

Полска ќе биде без Аркадјуш Милик на последните два меча од квалификациите за пласман на ЕП 2020. Милик дојде на репрезентативниот повик, но било утврдено дека повредата која ја има заработено за време на клупските обврски е сериозна и нема да може да настапи бидејќи му е потребен одмор.

Полска прво ќе гостува кај Израел, а потоа во последниот меч од квалификациите на свој терен ќе игра против Словенија. Во двата меча Послка ќе влезе без поголем притисок бидејќи веќе го има обезбедено местото на ЕП 2020.

Милик го пропушти и последниот дуел на Наполи против Џенова, а се очекува да не биде подготвен ниту за мечот против Милан кој се игра на 23 ноември.

 

- Оглас -

Најнови вести