Милина е за гледање – Левандовски на мајсторски начин го постигна првиот гол во Бундеслигата во новата година (Видео)

Европскиот крал на стрелците и Златната копачка за ланската сезона, Роберт Левандовски е стрелец на првиот гол во Бундеслигата во новата година, а го стори тоа во свој стил велемајсторски.

Полјакот му донесе предност на Баерн Минхен против Борусија Менхенгладбах во 18. минута, со акција што ја изведе со многу леснотија.

Првиот стрелец во Бундеслигата го постигна 20-от гол во оваа сезона и повторно конкурира за освојување на Златната копачка што се доделува на најдобриот стрелец во Европа.

Голот на Левандовски можете да го погледнете ОВДЕ.

Интересно е што во продолжението на првото полувреме со головите на Нојхаус и Лајнер, Борусија направи комплетен пресврт и води со 2:1 на „Алијанц арена“ во Минхен.

Баерн и Борусија го играат премиерниот меч во германското првенство за 2022 година.

 

- Оглас -

Најнови вести