Милионерите како замена за Белингам планираат да ангажираат добро познато име

Борусија Дортмунд откако во последното коло ја загуби титулата во Бундеслигата, налето ќе доживее нов шок со загубата на Џуд Белингам, која планира да ја надомести со враќање на добро познато име.

Англиските медиуми пишуваат дека Џејдон Санчо може да се врати во Дортмунд од каде што во 2021 година за 73 милиони фунти се пресели во Манчестер јунајтед. Санчо четири години го носеше дресот на Борусија, настапи на 104 натпревари, на кои постигна 38 гола, но статистиката во Манчестер јунајтед му е разочарувачка. По две сезони и 55 натпревари постигна само осум гола.

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, е разочаран од игрите на Санчо и според англиските медиуми, нема ништо против заминување на фудбалерот.

Според германскиот весник „Билд“, спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел, е во постојан контакт со агентите на Санчо и нема да биде изненадување доколку англискиот репрезентативец се врати на „Сигнал Идуна парк“.

- Оглас -

Најнови вести