Милионерите не се откажуваат од титулата, со петка ја почестија Борусија

Фудбалерите на Борусија Дортмунд славеа со убедливи 5:2 во дербито на 32-то коло од Бундеслигата против Борусија Менхенгладбах и најавија битка за титулата до последното коло.

Милионерите со победата, на две кола до крајот на сезоната, дојдоа на само еден бод од лидерот на табелата, Баерн Минхен, кој денеска славеше со убедливи 6:0 против Шалке.

Борусија дилемите околу победникот ги реши уште во првото полувреме во кое поведе со 4:0 благодарение на головите на Мален во 5-та, на Белингам во 18-та, и на Алер во 20-та и 32-та минута. Гостите со два гола преку Бенсебаини и Штиндл се обидоа да се вратат во игра, но точка на средбата стави Рејна со голот во судиското продолжение.

- Оглас -

Најнови вести