Милионерите пак му зедоа мерка на Лајпциг, наградата е петти пехар во Германскиот куп (Видео)

Борусија Дортмунд е новиот освојувач на пехарот во Германскиот куп по победата од 4:1 против Лајпциг вечерва во финалето во Берлин.

Милионерите по вторпат за пет дена ги победија Биковите, сега во многу поважниот меч што им го донесе и петтиот трофеј во клупската историја во популарниот ДФБ покал.

По триумфот минатиот викенд со 3:2 во меч од Бундеслигата, сега Борусија беше поубедлива и славеше голема победа од 4:1.

Џејдон Санчо со гол во петтата минута најави каде ќе патува пехарот во десеттото финале во Купот што го играше Борусија Дортмунд.

Со извонредна соло-акција во 28-мата минута, Ерлинг Халанд им донесе предност од 2:0 на новите победници во Германскиот куп, а сè беше решено со вториот гол на Санчо во судиското продолжение од првото полувреме.

https://twitter.com/VBETnews/status/1392931394788134913?s=20

Лајпциг одигра подобро во вториот дел, но стигна само до почесен гол што го постигна Дани Олмо, а потоа Халанд со вториот гол на мечот ги постави конечните 4:1 за Борусија.

Градот Лајпциг чека куп-титула од 1936 година, кога единствениот пехар го донесе ВФБ Лајпциг со победа против Шалке 04 во второто издание на најмасовното натпреварување во Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести