Милитао: Рамос нема да игра против Сити, ама јас ќе бидам на терен

Бразилскиот дефанзивец Едер Милитао, по трансферот од Порто во Реал Мадрид не доби премногу шанси да покаже што знае, беше резерва на Серхио Рамос и Рафаел Варан, а в петок на гостувањето кај Манчестер сити од реванш осминафиналето во Лигата на шампионите ќе биде стартер, бидејќи Рамос е суспендиран, откако пролетоска доби црвен картон во поразот во Мадрид од 1-2.

За Милитао кој има 22 години, Реал плати дури 50 милиони, и дуелот со Граѓаните ќе биде вистински тест за неговите можности. Милитао тврди дека е подготвен за предизвикот и ветува дека ќе биде соодветна замена за капитенот.

„Ова ќе биде натпревар на кој ќе имам шанса да покажам дека Реал може да смета на мене и на тешки натпревари. Добро сум подготвен, имам самодоверба, верувам дека ќе одиграме добро и ќе победиме. Сити има многу добри напаѓачи, би го издвоил мојот сонародник Габриел Жезус. Рамос е нашиот гладијатор и капитен, ќе ни фали, но јас сум тука, верувајте во мене. Посакувам првиот гол за Реал да го постигнам во Манчестер и тоа да биде со глава и победнички гол. И за Азар ова е многу важен меч, тој може многу да ни помогне“ – вели Милитао.

- Оглас -

Најнови вести