Милко Ѓуровски: „Модриќ е три класи послаб играч од Пижон“

Се чини дека деновиве најактуелно на бившојугословенските простори е интервјуто кое го даде поранешниот македонски и југословенски репрезентативец Милко Ѓуровски за „Глас Српске“.

Легендарниот фудбалер имаше свој коментар и за Лука Модриќ, еден од најдобрите хрватски фудбалери во историјата.

-„Модриќ воопшто не може да се мери со Пижон, три класи е полош фудбалер од него. Кога ги гледам овие играчи, не знам што луѓето гледаат во нив. Никој не е реален. Сите како по наредба имаат исто мислење, како некој да им кажува дека мора така да размислуваат. Јас сум подруг“.

За помладите кои не знаат кој е Пижон, се работи за Владимир Петровиќ, фудбалер на Црвена ѕвезда во периодот од 1972 до 1983 година. За Црвено-белите од Белград има одиграно над 250 натпревари, а има настапувано и за Арсенал, Антверпен, Брест, Лиеж и Нанси.

- Оглас -

Најнови вести