Милнер го продолжи договорот со Ливерпул, ќе игра 20-та сезона во Премиер лигата

Џејмс Милнер потпиша продолжување на договорот со Ливерпул за уште една сезона, што значи дека следната сезона ќе му биде 20-та во премиерлигашката кариера.

Милнер кој има играно и за Лидс, Њукасл, Астон Вила и Манчестер сити, од 2015 година е во Ливерпул, заменик капитен е, и следниот меч ќе му биде 290-ти во дресот на Црвените.

И менаџерот Јирген Клоп изјави дека се радува што големиот професионалец Милнер останува кај нив уште една сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести