Милнер испиша историја во Премиер лигата

Џејмс Милнер од Ливерпул синоќа беше стрелец на првиот од трите гола за „црвените“ и се запиша во историјата на Премиер лигата. Рекордот кој го држи е серија од 50 натпревари од најсилната англиска лига на кои давал гол и неговиот тим никогаш не загубил.

Ова е неверојатна статистика која ја има ветеранот. Милнер во својата премиерлигашка кариера, која трае 16 години, даваше голови за Лидс, Њукасл, Астон вила, Манчестер сити и Ливерпул. Уште еднаш се потврди дека неговите голови им носат среќа на тимовите, па Ливерпул победи со 3-1. На овие 50 премиерлигашки меча на кои Милнер постигнувал погодоци, неговите тимови имаат 39 победи и 11 нерешени.

Значи, репецтот е познат. Во Ливерпул треба да го форсираат Милнер почесто да постигнува голови.

Инаку, колото во Премиер лигата кое се комплетираше вчера е прво по осум години во кое сите 20 тима постигнаа гол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести