Милосављев: Не можам да објаснам, како да се плашиме од победа

Дејан Милосављев и неговите соиграчи од српската репрезентација се разочарани од ремито со Хрватска вечерва во Белград.

Во Арената пред 8 илјади гледачи балканското дерби заврши нерешено 25:25, а домаќините прокоцкаа два гола предност во финишот и дозволија Домагој Дувњак со погодок во последните моменти да им ја „украде“ победата.

„Го имавме мечот во свои раце. Не знам, не можам да си објаснам што ни се случи. Како да се плашиме да победиме. Заслуживме да ги освоиме бодовите, но никако да го минеме тој последен чекор за триумф“, изјави голманот на Вардар.

Србија е во незавидна позиција по три кола. Нема победа во групата со Хрватска, Швајцарија и Белгија и имаат два бода на третата позиција.

Хрватите се лидери без пораз на трите натпревари и со пет бодови се многу блиску до пласман на ЕП 2020 година што ќе го организираат Австрија, Норвешка и Шведска.

- Оглас -

Најнови вести