Милошевиќ немаше милост, македонското АБА 2 дерби во Осиек за МЗТ Скопје!

МЗТ Скопје Аеродром убедливо го порази Пелистер со 80-64 во македонското дерби од АБА 2 лигата. Овој меч се играше во хрватскиот град Осиек. Пелистер ја доби првата четвртина со 26-18, но потоа МЗТ беше тимот кој доминираше и дојде до победа.

Крилниот центар Немања Милошевиќ беше прво лице на натпреварот, со 29 поени и 6 скока за 28 минути игра. МЗТ имаше 24 загубени топки и тоа е нешто што мора да го поправат во иднина.

Ова беше убедливо најлошо шутерско издание на битолчани сезонава. Тие досега редовно даваа над 80 поени, но овојпат потфрлија. Само со четири погодени тројки од 26 обиди, невозможно беше за Пелистер да ги предизвика Штрковите. Кесар и Малешевиќ со по 15 поени беа најефикасни во тимот со зелени дресови.

Во следното коло, в петок, Пелистер се среќава со Војводина, а МЗТ со домашниот Вриједноснице Осиек.

- Оглас -

Најнови вести