Милс: Ме излажаа дека ќе бидам во идеалната петорка на СП

Доколку репрезентацијата на Австралија стигнеше барем до финалето на Светското првенство во кошарка кое заврши во неделата, најверојатно Пати Милс ќе беше прогласен за најкорисен играч на Мундобаскетот во Кина, а вака тој не само што не е МВП, туку остана и без место во идеалната петорка.

Бекот на Сан Антонио спарс на СП имаше  просек од 22,8 поени, 2,3 скока и 3,9 асистенции по меч, но неговата репрезентација беше единствен полуфиналист без освоен медал.

Милс на својот профил на „Твитер“ напиша дека од Австралиската федерација го информирале дека ќе биде вметнат во идеалната петорка на првенството. Но, кога се одржа церемонијата, други петмина беа повикани.

Така, покрај најкорисниот Рики Рубио, во идеалниот тим се најдоа уште: Богдан Богдановиќ, Еван Фурние, Луис Скола и Марк Гасол. Иако е изненаден што не се најде во олстар-тимот, Милс додаде и дека не му било целта да биде во Топ 5, туку Австралија конечно да го освои првиот медал на СП.

- Оглас -

Најнови вести