Ураганот „Милтон“ кој деновиве ја зафати американската сојузна држава Флорида, позади себе остави пустош, а беше отценет како еден од најсилните во историјата на САД. 16 луѓе го загубија животот, а предизвиката е огромна материјална штета.
Дел од таа материјална штета е и стадионот „Тропикана филд“ на кој своите натпревари ги игра бејзбол екипата на Тампа беј. Овој стадионот беше најпознат по својот покрив, кој беше направен од стакло и пластика, но сега веќе го нема.
https://twitter.com/Ry_Bass/status/1844367980249178396
Од клубот информираат дека никој не е повреден во оштетувањето на стадионот, а дополнително ќе се проценува штетата и времето за санација. Тие побараа од полицијата да го обезбедува објектот за да не дојде до повреди од парчињата од покривот кои паднаа на тревникот, но и во околината на објектот.