Милвоки е неприкосновен во централната дивизија

Милвоки бакс очекувано го совлада тимот на Индијана пејсерс со убедливи 117:98. Лидерот од Источната конференција го подобри учинокот против екипите од централната дивизија во која се најдобри, на 13 победи и само еден пораз.

Популарниот Грик Фрик, Јанис Адетокумбо, беше на потребното ниво и продолжи да забележува дабал-дабл учинок кога игра против Индијана, а ноќеска беше најефикасен со 29 поени и 12 скока, запиша и пет асистенции. Имаше голема поддршка од својот колега Мидлтон, кој реализираше 27 поени.

Мајлс Тарнер беше најрасположен од таборот на поразените со 22 поени и 17 скока, додека со 17 поени заврши Богдановиќ.

Милвоки по два последователни порази се врати на победнички патеки и натаму го држи најдобриот учинок на Истокот со 49-16, додека Индијана е на третото место во истата конференција со 42-24 учинок по 66 одиграни натпревари во регуларниот дел од сезоната.

Oклахома сити тандер се избори за триумф на гости кај Портланд по продолжение со конечни 121:129. Откако по регуларните 48 мунити двете екипи не можеа да го одлучат победникот (113:113), Тандерси го освоија дополнителниот период со 16:8 и го продолжија победничкиот учинок против Трејлблејзерс на четири последователни победи.

Дуото Вестбрук-Џорџ комбинираше 69 поени (Расел 37 поени и седум скока, Пол 32 поени и 14 скока) и не му дозволија на Демиен Лилард со триумф да го круниса својот сезонски рекорд од 51 поен. Меколум со 25 поени беше втор најефикасен од редовите на Портланд, Нуркиќ заврши со дабл-дабл од 13 поени и 17 скока.

- Оглас -

Најнови вести