Милвоки го „спушти на земја“ Торонто, a тие се на „седмо небо“

Милвоки бакс со 124:109 славеше против тимот на Торонто репторс, во борбата за првата позиција на Истокот. Дуелот на двете непоразени екипи за едните прекина серија, за другите ја продолжи, а Торонто без Кавај Ленард не успеа да остане максимален по седум меча. На другата страна, Милвоки исто така беше без својот најдобар поединец, Јанис Адетокумбо, но и без него „елените“ прават 7 од 7.

Најефикасен во победничкиот тим беше Ерсан Илијасова со 19 поени и 10 скока, Брогдон и Бледсо додадоа по 17 поени. Серж Ибака постигна 30 поени за Торонто, но тоа не беше доволно да ѝ помогне на неговата екипа да избегне пораз.

На „воините“ од Голден стејт им недостасуваше еден поен да стигнат до границата од 150, а со 149:124 беа подобри од Чикаго булс. Ноќ за паметење имаше Клеј Томпсон, кој го урна рекордот за даде тројки на еден меч. Погоди 14, една повеќе од неговиот колега Стеф Кари, а средбата ја заврши со 52 поени.

ЛА лејкерс, пак, влегува во лоша серија откако на гостувањето кај „волците“ од Минесота загубија со 124:120. Џејмс реализираше 29 поени и 10 скока, го следеше Инграм со 25 поени, но расположените Батлер и Таунс зграпчија значајна победа за Минесота.

Резултати НБА:

Индијана – Портланд 93:103

Филаделфија – Атланта 113:92

Мајами – Сакраменто 113:123

Њујорк – Бруклин 115:96

Чикаго – Голден стејт 124:149

Милвоки – Торонто 124:109

Минесота – ЛА лејкерс 124:120

Сан Антонио – Далас 113:108

Денвер – Њу Орлеанс 116:111

 

 

- Оглас -

Најнови вести