Милвоки и Голден стејт сигурно победуваат, Далас ќе го добие дербито против Санс, а може да одберете играчи за „плус-минус“ поени

Ноќните возбудувања во НБА-лигата нудат повеќе интересни мечеви од кои може да се искомбинираат добитни тикети во Sport Life. Милвоки бакс гостува кај најслабиот тим во лигата, Орландо меџик, и на овој меч „двојката“ е најсигурна опција. Орландо има дури осум порази по ред во актуелната сезона, а ако се погледне и традицијата, Милвоки доминира против овој ривал и има дури 11 победи во низа на меѓусебните средби.

Актуелниот првак Голден стејт на свој терен игра против Индијана. Воините се најдобар тим пред своите навивачи со 11 победи и само еден пораз сезонава. Индијана е во лоша форма со четири порази од последните пет средби, па реално тешко дека гостите може да се надеваат на успех на овој дуел.

Дербито ќе се игра во Далас, каде што Маверикс е домаќин на Феникс санс. Сонцата се најдобар тим на Западот со 16 победи од 23 меча, додека Далас е со половичен успех по 22 одиграни средби, но овојпат е во улога на фаворит.

Секогаш има опција и за играње на „плус-минус“ поени на кошаркарите. Јанис да биде во плус треба да постигне барем 31 поен, а на иста „граница“ е и Букер од Феникс, како и Гилџус-Александер од Оклахома. Ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ е со „граница“ од 31,5 поен, а главниот поентер на Атланта, Тре Јанг, треба да постигне барем 28 поени за да биде во „плус“.

- Оглас -

Најнови вести