Милвоки и Јанис немаа милост, ги понижија Јастребите (видео)

Милвоки израмни во финалната серија на Истокот против Атланта на 1-1, по големата победа од 125:91 нанесувајќи го најтешкиот пораз на Јастребите во разигрувањата. Јанис и дружината безмилосно го полнеа кошот на Атланта која досега бележеше сензационални партии, на моменти резултатот не делуваше како да се игра конференциско финале.

Домаќините ја остварија целта веднаш да се вратат во игра во оваа серија откако го загубија првиот меч, па разликата меѓу двете екипи беше на 30 поени уште во првото полувреме во кое Милвоки постигна дури 77 поени, а дозволи само 45 во својот кош. Во неколку наврати Елените имаа и највисоки +41 поен предност, а Атланта првпат по 12 меча во плејофот не успеа да постигне повеќе од 96 поени.

Адетокумбо го предводеше својот тим со 25 поени, 9 скока и 6 асистенции, го следеше Холидеј со 22 поени, додека првата ѕвезда на Атланта, Треј Јанг заврши со скромен учинок од 15 поени, за него најмалку откако почнаа разигрувањата во НБА.

https://www.youtube.com/watch?v=Z_EGSP2mi1k

- Оглас -

Најнови вести