Милвоки има Олстар-дуо за кошеви и победи

Бруклин нетс – Далас маверикс (НБА, 01.30 часот)

Квалитетот на двете екипи е тука некаде, израмнет, но Далас, за негова несреќа, игра во малку потешката Конференција во НБА, во Западната. И речиси веќе и нема шанси за настап во плејофот, иако има уште доста да се игра. Дончиќ е импресивен, но една ластовичка не чини пролет, па Маверикс тешко ќе играат за титулата во НБА.

Бруклин е на шесттата позиција во Источната конференција и има реални шанси да игра во плејофот. По долг период, газда Прохоров има екипа што може да игра продолжена сезона. Влогот беше голем, а сега ред е Деанџело Расел и соиграчите да се изборат за место меѓу октетот најдобри на Истокот.

Ноќеска се фаворити, Далас не е баук и типуваме победа на домашната екипа.

Предлог тип: 1 (1.65) Супер тип на Sport Life

 

Јанис Адетокумбо (Феникс санс – Милвоки бакс, НБА, 03.00 часот)

Јанис игра сезона на кариерата, со игрите заслужи и да биде капитен на еден од двата Ол-стар состави на викендот на сите ѕвезди во Шарлот, а вечерва повторно ќе биде главен адут на Бакс.

Милвоки игра против најслабиот тим на Западот од НБА, но Санс успеаја да го добијат последниот меѓусебен дуел. Гостите тогаш го победија Милвоки со 116:114, што беше првокласна сензација. На тој меч Јанис постигна 35 поени, а очекуваме такво нешто и ноќеска, во новиот дуел со Сонцата од Феникс.

Особено можно за гостите од Милвоки е да не игра бековскиот тандем Брогдон и Бледсо, кои се повредени и нивниот настап е неизвесен. Во тој случај популарниот Грик Фрик ќе има можност повеќе да шутира и полесно да ја надмине границата од 26,5 поени.

Предлог тип: Адетокумбо > 26.5 (1.85)

 

Крис Мидлтон (Феникс санс – Милвоки бакс, НБА, 03.00 часот)

Ќе ризикуваме и со Крис Мидлтон, а одиме на варијантата дека Брогдон и Бледсо, или едниот од нив нема да игра ноќеска за Милвоки.

Мидлтон е еден од најдобрите шутери во НБА-лигата во ситуација кога има чиста позиција. Приреди шутерско шоу во Шарлот на Олстар-мечот кога имаше долга серија од тројки без утка и потврди дека се работи за расен стрелец.

Честопати се става во служба на екипата и игра одбрана, каде што исто така покажа квалитет, но ноќеска некој ќе мора да му помогне на Јанис и во офанзивата ако Милвоки сака да почне нова серија победи на гости. Имаа 10 по ред како гости, но прокоцкаа 17 поени позитива во последната четвртина против Јута џез и им беше прекината импресивната серија.

Ноќеска се фаворити против Феникс, а очекуваме и Мидлтон, како и Адетокумбо, да ја мине поставената граница од поени во додатокот за НБА во Sport Life.

Предлог тип: Мидлтон > 17.5 поени (1.82)

 

Сакраменто кингс – Њујорк никс (НБА, 04.00 часот)

Сакраменто бие битка за осмата позиција во Западната конференција и мометно на дваесеттина натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната, има четири победи помалку од осмопласираниот Сан Антонио.

Проблем за Кингс е што е во серија од три порази, па ноќеска ќе мора да се обиде да ја прекине низата против најслабиот тим во НБА, Њујорк никс.

Сакраменто игра ран-енд-ган кошарка, а и Њујорк е во тој мод во последно време, па веруваме во ефикасен меч што ќе оди над 230 поени.

Предлог тип: > 229.5 поени (1.88)

 

Лос Анџелес лејкерс – Лос Анџелес клиперс (НБА, 04.30 часот)

Локалното дерби меѓу двете екипи од градот на филмот ноќеска има посебно значење. Пораз за Лејкерс ќе значи веројатно и простување на Леброн Џејмс и соиграчите од настап во плејофот. Клиперс им се директни конкуренти за позцииите кои гарантираат учество во доигрувањето за титулата, а им бегаат за шест победи на лутите ривали од Ел-еј.

Иако се работи за екипи што играат брза кошарка, се чини дека границата од 238 поени, колку што е во понудата на Sport Life, е превисока. Ќе ризикуваме и ќе одиграме минус поени.

Предлог тип: < 237.5 поени (1.85)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести