Милвоки имаше пет победи, па пет порази, сега пак е со пет триумфи – дали вечерва следува пораз на Елените?

Шест меча се играат ноќеска во НБА-лигата, а дербито треба да биде во Милвоки, каде што домашните Бакси ќе играат против Денвер нагетс. Милвоки е тимот со најмногу победи во низа во моментов, се радуваа петпати по ред. Тоа што е интересно за Елените е дека во последните 15 средби имаат специфични серии.

Прво имаа пет триумфи во низа, потоа загубија петпати по ред и сега повторно се радуваа на пет дуели едно по друго. Според тој редослед, дали сега следува серија порази за еден од најдобрите клубови во НБА? Денвер е ривалот на Милвоки, а тоа не е многу добар знак.

Во седум од последните 10 меѓусебни средби, Денвер се радувал на триумф против Милвоки.  Елените на свој терен имаат одличен биланс од 14 победи и само четири порази, што е знак дека домаќините се фаворити. Ова ќе биде дуел и на две големи НБА-ѕвезди, Јанис Адетокумбо од едната страна и Никола Јокиќ на другиот дел од теренот.

Токму овие ѕвезди ги има и на понудата за „плус-минус“ по бројот на поени кои ќе ги постигнат вечерва. Границата за Јанис е 32,5, додека Јокиќ треба даде 28 поени за да биде „во плус“.

На понудата на Sport Life има вкупно 28 играчи кои може да ги одиграте на „плус-минус“ поени.

 

- Оглас -

Најнови вести